сабота, 19 октомври 2024

Трипуновски: 20 милиони евра се потребни за системите за наводнување да се вратат во функција

Владата и Министерството за земјоделство наредната 2025  година ќе започнат со спроведување на 10-годишната програма, со која 20 милиони евра на годишно ниво ќе бидат одвоени за инвестиции и враќање на системите за наводнување во функционална состојба. Ова при денешната посета на Делчево го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуноски напоменувајки дека Владата и министерството се свесни дека водата е битен елемент во земјоделското призводство.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние не можеме да се надеваме на рентабилно производство ниту по квалитет нити по квантитет, ако немаме количина на вода. Не само во делот на истокот, речиси на целата територија ќе се работи засилено на враќање на системите во функционална состојба свесни дека е клучен елемент во земјоделското производство“, рече Трипуноски.

Тој се осврна и на намалувањето на сточниот фонд како одговор на новинарско прашање што е планирано за да се ублажи состојбата со намалениот број на добиток.

„Бројките се лоши навистина е катастрофална ситуацијата, тоа е резултат на оние погрешни и задоцнети мерки кои ги правеше изминатата власт. За жал нашите полици се со увозно млеко, а нашето производство на месо, живина, свинско итн, е веќе преполовено. Ние ќе дадеме веќе од идната програма 2025 година зголемена поддршка со цел да го враќаме сточниот фонд, бидејќи мораме да обезбедиме домашна храна за нашите сограѓани и нормално како извоз на земјоделски производи“, додаде Трипуноски.

Најави и редефинирање на програмата за субвенции со крајна вел да се стимулира зголемено производство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ