недела, 12 мај 2024

Трипл-дабл на Јокиќ, но Лејкерс конечно го победи Денвер (ВИДЕО)

По 11 натпревари по ред во кој доживуваше пораз, Лос Анџелес Лејкерс синоќа конечно се израдува на победа против Денвер, тие славеа со 119-108 и намалија на 3-1 во серијата.

Објавено на

часот

Сподели

Никола Јокиќ одигра одличен натпревар, беше најдобар на теренот со 33 поени, 14 скокови и 14 асистенции, Портер реализираше 27 поени и 11 скокови.

Но, Лос Анџелес Лејкерс доминираше во текот на целиот меч и дојде до посакуваниот триумф. Најефикасен беше Леброн Џејмс со 30 поени, а маестрална партија во одбраната имаше Ентони Дејвис, тој постигна 25 поени и имаше дури 23 скокови.

На следниот меч домаќин е Денвер.

Резултати:
Орландо – Кливленд 112-89 (2-2)
Њу Орлеанс – Оклахома 85-106 (0-3)
Мајами – Бостон 84-104 (1-2)
ЛА Лејкерс – Денвер 119-108 (1-3)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ