сабота, 27 јули 2024

Трипл-дабл на Јокиќ, Дончиќ даде 47 поени, Леброн израмни рекорд (ВИДЕО)

Никола Јокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до убедлива победа против Кливленд од 130-101, Дончиќ имаше блескава партија со која му донесе триумф од 125-107 на Далас на гостувањето кај тексашкиот ривал Хјустон.

Објавено на

часот

Сподели

Јокиќ постигна 26 поени, имаше 18 скокови и 16 асистенции, беше убедливо најдобриот кошаркар во победата на Денвер над Кливленд. Најдобар кај гостите беше Мобли со 23 поени.

Дончиќ и Далас ја продолжија победничката серија, овојпат го совладаа ривалот од Тексас, Хјусон и тоа на негов терен.

Словенецот постигна 47 поени, имаше и 12 скокови, Ирвинг реализираше 24 поени. Најдобар кај Хјустон беше Смит со 28 поени.

Лос Анџелес Лејкерс со 116-104 победи на гостувањето кај Бруклин, а Леброн доби овации од публиката во Њујорк поради феноменалната партија која ја прикажа.

Кралот постигна 40 поени. Погоди девет тројки од десет шута, што е израмнување на рекорд за него.

Резултати:
Денвер – Кливленд 130-101
Бруклин – ЛА Лејкерс 104-116
Шарлот – ЛА Клиперс 118-130
Торонто – Филаделфија 120-135
Вашингтон – Мајами 107-119
Хјустон – Далас 107-125
Минесота – Чикаго 101-109
Њујрок – Оклахома 112-113
Сан Антонио – Голден стејт 113-117
Сакраменто – Јута 127-106

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ