Лука Дончиќ беше најдобар на теренот, постигна 39 поени, имаше 10 скокови и 11 асистенции, но Индијана одигра одличен тимски натпревар и славеше со 17 поени разлика, 137-120.
Тарнер беше најефикасен кај гостите со 20 поени, Халибартон реализираше 19.
Денвер и Феникс одиграа неизвесен натпревар кој во регуларниот тек заврши 102-102. Во продолжението шампионот постигна само пет поени и сонцата го добија мечот со 117-107.
Најефикасен на мечот беше Кевин Дурент со 35 поени, кај Денвер Јокиќ постигна 25 поени и имаше 16 скокови, Мареј беше поиефикасен од него со 28 поени.
Резултати:
Шарлот – Орландо 89-101
Бруклин – Филаделфија 112-107
Кливленд – Бостон 105-104
Мајами – Детроит 118-110
Њујорк – Атланта 100-116
Торонто – Њу Орлеанс 98-139
Хјустон – Сан АНтонио 114-101
Далас – Индијана 120-137
Денвер – Феникс 107-117