сабота, 27 јули 2024

Трипл-дабл на Дончиќ, но Минесота се спаси од „метла“ (ВИДЕО)

Минесота врати еден брејк, го победи Далас на негов терен со 105-100 и се спаси од елиминација без добиен натпревар, Лука Дончиќ имаше добри бројки иако немаше задоволителен процент на реализација.

Објавено на

часот

Сподели

Далас и Минесота одиграа крајно неизвесен натпревар кој на крајот им припадна на гостите. Далас влезе во серија промашувања кои го чинеа пораз.

Лука Дончиќ оствари трипл-дабл постигнувајќи 28 поени, имаше 15 скокови и 10 асистенции. Ирвинг реализираше 16 поени, тој не беше на своето ниво.

Најдобар кај Минесота беше Едвардс со 29 поени, 10 скокови и девет асистенции, тој доминираше во првото полувреме, а во вториот дел се истакна Таунс кој заврши со 25 поени.

Далас има предност од 3-1, следниот натпревар се игра во Минесота.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ