сабота, 19 октомври 2024
НБА

Трипл-дабл на Дончиќ, но пораз на Далас од Лејкерс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше одлично враќање на терените по кратката пауза поради повреда, но неговата добра игра не беше крунисана со победа, Далас загуби на гостувањето кај ЛА Лејкерс со 127-110.

Објавено на

часот

Сподели

Дончиќ беше најдобар на теренот со 33 поени, имаше 13 скокови и 10 асистенции, но немаше поддршка од останатите играчи на Далас.

Освен во воведните минути, Лејкерс ја имаше предноста во остатокот од мечот, во еден период разликата изнесуваше 24 разлика, беше 106-84. До крајот го задржаа водството за конечна победа од 127-110.

Во составот на Лејкерс се истакна Расел со 29 поени, Ентони Дејвис имаше одлична партија и му недостасуваше само уште една асистенција за трипл-дабл, постигна 28 поени, имаше 12 скокови и девет асистенции. Леброн даде 25 поени.

Резултати:
Детроит – Минесота 117-124
Атланта – Орландо 106-104
Бостон – Сан Антонио 117-98
Кливленд – Милвоки 135-95
Њујорк – Хјустон 109-94
Торонто – Мајами 121-97
Њу Орлеанс – Шарлот 132-112
ЛА Лејкерс – Далас 127-110
Портланд – Бруклин 105-103

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ