сабота, 19 октомври 2024
НБА

Трипл-дабл на Дончиќ и Јокиќ за нови победи на Далас и Денвер (ВИДЕО)

Нови блескави партии за Лука Дончиќ и Никола Јокиќ на стартот од оваа сезона, двајцата имаа трипл-дабл учиноци, а Далас и Денвер остварија победи.
 

Објавено на

часот

Сподели

Далас дојде до гостински триумф кај Мемфис гризлис каде славеше со 125-110. Лука Дончиќ на паркетот беше дури 40 минути за кои запиша 35 поени, имаше 12 скокови и 12 асистенции. Мемфис имаше двајца кошаркари со по 30 поени, Бејн и Џексон, но нивните добри партии не беа доволни за да се избегне пораз.

Денвер со 110-102 беше подобар од тимот на Јута. Никола Јокиќ беше најдобар во својот тим, постигна 27 поени, имаше 10 скокови и 11 асистенции. 27 поени постигна и Марканен од Јута, тој запиша и 14 скокови.

По поразот од Атланта, Милвоки се разбуди и одигра многу подобар меч против Мајами кој го доби со 122-114. Лилард имаше солидно издание со 25 поени, подобар од него беше Адетокумбо со 33 поени, најефикасен на теренот беше гостинскиот кошаркар, Хиро кој постигна 35 поени.

Резултати:

Шарлот – Бруклин 121-133

Индијана – Чикаго 105-112

Вашингтон – Бостон 107-126

Атланта – Минесота 127-113

Торонто – Портланд 91-99

Мемфис – Далас 125-110

Милвоки – Мајами 122-114

Њу Орлеанс – Голден стејт 102-130

Оклахома – Детроит 124-112

Денвер – Јута 110-102

ЛА Лејкерс – Орландо 106-103
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ