сабота, 19 октомври 2024

Триглав зелена лига – предизвик за промена

Објавено на

часот

Сподели

Триглав oсигурување, во соработка со Челенџер, за вработените и за своите корпоративни клиенти, корисници на доброволно здравствено осигурување почнува нов проект Триглав зелена лига – заеднички годишен предизвик за заштеда на 365 тони на емисии на CO2,  што почнува денеска.

„Ги повикавме нашите клиенти, да ни се приклучат со своите вработени во предизвикот и преку замена на автомобилот со здрави навики, како пешачење, или возење велосипед, да придонесат кон зададената цел. Проектот овозможува поголема грижа за животната средина и за здравјето, го поттикнува тимскиот дух и воедно, придонесува кон едукација и мотивирање на заедницата за одговорно однесување, во согласност со целите на одржлив развој“, соопшти компанијата.

Најактивните учесници ќе имаат можност да освојат награди на месечно ниво, додека пак тимот на компанијата со најголем придонес кон зададената цел – заштеда на 365 тони емисии на CO2 во текот на една година, ќе ја добие првата награда.

Триглав зелена лига во својот концепт го вградува одржливиот развој и ја наградува грижата за нашето здравје и за животната средина. Таа е симбол на нашата грижа за сегашните и за идните генерации. Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на вработените и на сите наши клиенти, кои што ги препознаа потенцијалот и важноста на овој проект и ни се приклучија уште на самиот почеток и искрено им посакувам што подобри резултати. Исто така, би сакал да нагласам дека во тимот на Challenger најдовме вистински партнер, спремен на предизвици и со исти стратешки цели, кој што ни помогна да креираме можност за позитивни промени и влијание. Се надевам дека ова е само првиот заеднички чекор во реализација на целите, што како компании, но и како заедница ги поставуваме како врвен приоритет, изјави главниот извршен директор на Триглав осигурување, Ѓорѓе Војновиќ. 

Oгромно е задоволството да бидеме пионери заедно со Триглав осигурување во создавање на едни поинакви промени во нашето општество. Кога сите зборуваат за проблемите, ние одлучивме да ги мотивираме компаниите да бидат дел од промените. Ова партнерство е вистински пример на синергија помеѓу корпорација и стартап кога се има една заедничка цел, а тоа е да ги мотивираме вработените да се грижат за своето здравје и животна средина и тоа преку промена или подобрување на нивните секојдневни навики. Пресреќни сме дека градиме платформа која ги обединува компаниите заедно да работат кон иста цел, а тоа е поздрави вработени и помалку CO2 емисии во воздухот. Триглав Зелената лига е само почеток на една успешна приказна, која ќе биде пример дека компаниите може да бидат носители на промените“, изјави Олга Рајчиќ, ко-основач на Challenger.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ