петок, 21 март 2025

Триглав осигурување живот донира за децата што останаа без родител поради трагедијата во Кочани

Триглав осигурување живот ќе донира детско животно осигурување за сите малолетни деца кои останаа без родител.

Објавено на

часот

Сподели

„Се надеваме дека оваа поддршка ќе донесе олеснување и сигурност во иднина. Искрено сочувствуваме со семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Свесни дека ништо не може да ја надомести загубата на најблиските, одлучивме да преземеме чекор кој барем малку ќе помогне во обезбедувањето иднина на децата што останаа без родител.

Оваа донација има за цел долгорочно да ги поддржи овие деца, обезбедувајќи им финансиски средства кога ќе станат полнолетни и ќе им помогне за образование, самостоен живот или реализација на други планови.

Безбедната иднина на овие деца е чекор кон изградба на посилна и похумана заедница и затоа Триглав осигурување живот со длабока солидарност ќе им помогне на семејствата барем малку да се растоварат од грижата за иднината на нивните деца.

За повеќе информации семејствата на настраданите може да не контактираат на телефонскиот број + 389 25 102 201 или на e-mail [email protected]“, соопшти компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ