сабота, 27 јули 2024

Три високи пласмани за каратистите на Макпетрол на „Пореч 2023“

Објавено на

часот

Сподели

Овие три спортисти беа дел од вкупно шест претставници на скопскиот клуб „Макпетрол“ кои викендов настапија на интернационалниот собир каде што беа пријавени 3.193 учесници од 72 држави.

– Со учеството на ова најмасовно првенство за нас најважно е што ја започнавме периодизацијата за следното Европско првенство што ќе се одржи во февруари 2024. Квалитетот на учесниците и масовноста ја става оваа светска младинска лига како највисоко рангирано првенство од Светската карате федерација (WKF), а тоа се потврди и годинава – истакнаа од карате-клубот „Макпетрол“.

Најблизу до медал беше актуелниот светски вицешампион Витомир Трајковски. Во елиминацискиот дел тој имаше четири последователни победи. Во петтото коло за влез во финалето, тој загуби од Мелос Гаши од Косово, додека во борбата за бронзениот медал беше поразен од украинскиот репрезентативец Максим Бухајов.

Задоволителни борби и спортска форма прикажаа и Стефан Стојановиќ и Викторија Јовановска. Тие добија шанса да се изборат со репасажните борби за бронзените медали, но беа поразени со минимална бодовна разлика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ