сабота, 27 јули 2024

Три послаби земјотреси на Галичица

Три послаби земјотреси биле регистрирани ноќва во Охридско-преспоанскиот регион. Првиот земјотрес со јачина од 3,8 степени според Европската макросеизмичка скала бил регистриран 32 минути по полноќ. Епицентарот на земјотресот бил 22 километри југоисточно од Охрид, односно 16 километри јужно од Ресен, на длабочина од 6 километри.

Објавено на

часот

Сподели

Еден час подоцна во истото подрачје регистриран е уште еден потрес со јачина од 3,1 степен. Две минути потоа, во 1,33 часот следуваше уште еден послаб земјотрес со јачина од 2,1 степен.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека најсилниот земјотрес бил почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала. Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ