По сообраќајната несреќа во која попладнето автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар, случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.
„Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар“, информираше МВР.
На терен се уште се припадниците на САЕ Тигар.
На лице место е и јавен обвинител, како и екипи на Итната помош.
Несреќата била пријавена во СВР Скопје и како што соопшти МВР на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар.