сабота, 27 јули 2024

Три лица повредени во сообраќајка во Струмица

Три лица се повредени попладнево во сообраќајка во Струмица откако две возила се судриле на крстосницата од улиците Климент Охридски и Братство и Единство, а едното од нив од ударот се превртело.

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата од СВР Струмица, попладнево околу 16:30 часот во полицисиката станица во Струмица било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил шеворлет со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Б. (77) од Струмица и товарно возило фиат, исто така со струмички регистарски таблички, управувано од К.Л.(45) од Струмица.

Тешко повреден е возачот на товарното возило, а со телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот во патничкото возило Г.Б.(75).

Увид на местото извршила екипа на полициската станица Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ