сабота, 27 јули 2024

Три гола на Милан за три бода од Верона (ВИДЕО)

Милан со 3-1 ја победи Верона и се одлепи од Јувентус кој претходно одигра само реми без голови против Џенова.

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од Јувентус, Милан во моментов е во форма, денеска ја забележа третата победа по ред во Серија А.

Резултатот во Верона го отвори Тео Ернандез пред самиот крај на првото полувреме.

По пет минути игра во вториот дел Пулишиќ постигна гол за предност и од 2-0.

Во 64. минута Нослин намали на 2-1, но во 79. минута Чукуезе ги постави конечните 3-1 за Милан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ