Моментално за гаснење се ангажирани и три авиони ер-трактор што полнат вода од Охридското Езеро.
Според последните информации од Територијалната противпожарна единица, за локализирање на пламенот потребен е засилен ангажман од локалното население и од екипите на подржужницата на „Македонски шуми“, чија поддршка засега отсуствува.
Според најавите, за вечерва е свикан состанок на Локалниот совет за превенција, со цел да се координираат активности за справување со непогодата.