понеделник, 16 септември 2024
Неколку лица се повикани на разговор

Три деца се можните подметнувачи на пожарот во Расадник во Кисела Вода

Пожарот кај Расадник е подметнат и вмешани се три деца од блиското соседство. Засега ова е познато за силниот оган, кој пред два дена се распламти и кој дојде, речиси, до зградите. Ова го вели градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Објавено на

часот

Сподели

Потврда за ова се чека од институциите, како и детали за причините и што му претходело на пламенот. Од локалната самоуправа бараат полицијата целосно да го расветли случајот.

„Се работи за сериозна информација. Не е шпекулација. Станува збор за тројца малолетници коишто живеат во непосредна близина на местото. Знаете, понекогаш нечија детска игра може да предизвика сериозна штета и фала на Бога што таму немаме материјална штета, немаме човечки жртви, што е многу важно“, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода.

Од министерството за внатрешни работи потврдуваат дека неколку лица се повикани на разговор.

„Повикани се неколку лица. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот, по што ќе следува и соодветен поднесок“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ