Но, тој добил информација од пријател кој пред малку влегол на грчка територија, дека веројатно ќе чека уште еден час на „ничија“ територија, бидејќи по излезот од Македонија, огромна е редицата и до грчките гранични служби. Математичка веројатност е чекање од три часа.
Кој не зел со себе доволно вода за да го издржи тропскиот пекол на асфалтот може да биде во неволја.
Инаку, освен што е сабота и ден погоден да се тргна на викенд на Егејското Море, треба да се има предвид дека е 15 јули, преломен летен датум кога бројни туристички организирани аранжмани почнуваат токму на тој датум.
И надзорната камера на Богородица потврдува дека и тие што се веќе блиску ќе треба уште долго да чекаат на пеколното гевгелиско тропско сонце.