петок, 27 декември 2024

Три бебиња починале од смрзнување во последните 48 часа во Газа

Три бебиња починале во последните 48 часа поради ниските температури и недостигот од пристап до топли засолништа во Појасот Газа, пренесува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новородено бебе починало од смрзнување во шаторите во Ел Маваси, на југот на Газа, вчера, што укажува на сериозните предизвици за преживување на палестинските деца кои се раселени од своите домови поради континуираните напади на Израел на Газа, наведува американската мрежа.

Села Махмуд ел Фасих „починала од смрзнување поради екстремен студ“ во Ел Маваси, напиша вчера на Икс докторот Муние ел Бурш, генералниот директор на министерството за здравство на Газа.

Во текот на последните 48 часа Ел Фасих и најмалку уште две други новороденчиња, бебе старо три дена и бебе од еден месец, починале поради ниските температури и недостигот од пристап до топло засолниште, кажал за Си-ен-ен Ахмед ел Фара, шеф на педијатрија и гинекологија во болницата Насер во Кан Јунис.

Ел Маваси, крајбрежен регион западно од Рафа, кој Израел претходно го означи како „хуманитарно подрачје“, повеќе пати беше мета на израелски напади.

Илјадници Палестинци се преселиле таму во потрага по засолниште, живеејќи со месеци во импровизирани платнени и најлонски шатори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ