Премиерот Христијан Мицкоски, на настанот по повод пуштање во употреба на пругата, изјави дека Коридорот 8 претставува подеднакво значаен и стратешки проект заедно со Коридорот 10.
„Овие два коридори се главен приоритет за оваа влада, бидејќи како држава претставуваме природна раскрсница на овие два коридори и ова треба да претставува наша предност во споредба со другите држави во регионот“, рече премиерот.
Додаде дека наскоро ќе се заврши и втората секција, како и тендерската процедура од третата секција.
„Јас сум убеден дека наскоро ќе се заврши и втората секција во рокот којшто е предвиден во договорот. Многу скоро ќе заврши тендерската процедура од третата секција, со што ќе бидеме целосно поврзани со нашиот источен сосед, а со тоа ќе бидеме и дел од еден многу важен коридор не само за ЕУ, туку и за НАТО“, додаде премиерот.
На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 милиони евра, што вклучува алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи и лед-осветлување.
Пругата Куманово – Бељаковце е со должина од 30,8 километри и на неа се изградени три нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постојнаата железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација. На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10.000.000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед-осветлување.