сабота, 27 јули 2024

Тргна народ за Грција по сонце, море и пазарење

Сообраќајот низ државата, како што соопштува АМСМ, се одвива тековно и непречено, по суви коловози. Но, ќе додадеме ние, има исклучоци. Камерата поставена на граничниот премин Богородица прикажува дека утрово илјадници луѓе одат за Грција.

Објавено на

часот

Сподели

Како што може да се забележи од камерата во 8.15 часот (камерата изгледа не е корегирана со летното сметање на времето па прикажува 9.15 часот), со возила се исполнети сите асфалтни летни на Богородица кои водат кон македонските гранични службеници. Автомобили, автобуси, мотори…

Државниот празник како неработен ден за сите граѓани на Македонија се падна во петок и тоа е убава можност да се врзат три слободни денови за да се зграпчи сонце од белото море, а и да се заплива, зошто не, во солената вода. Да се изеде гиро, испие рицина и узо, да се потроши некое евро плус по дуќанчињата и дуќаните, а на враќање да се испазарат по две штеки цигари по цена за една во грчкиот фри шоп на границата.

Кој добил пасош на време со Северна Македонија може да земе воздух во Грција. Се разбира и ако возачката дозвола и регистерските таблички го одразуваат уставното име на Македонија, нешто на што грчките власти ревносно внимаваат. Особено последниве денови.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ