Почетокот на летото, викендот, крајот на школската година и пониските цени во јуни си го сторија своето илјадници граѓани да тргнат кон морските туристички центри во Грција. Најголемиот број од возилата се со македонски и српски регистерски таблички.
Некои луѓе, пак, како овој наш читател кој ни ја испрати фотографијата од надвозник кај Гевгелија, се испишманија и решија да не чекаат со часови по горештината за да отидат на викенд кај нашиот јужен сосед. Дали тргнал да се врати во Скопје или можеби ќе се разлади крај Дојранското Езеро, читателот не ни кажа.