петок, 13 декември 2024

Тргна гласачкиот материјал кон општинските изборни комисии

Рано утрово од печатницата „Киро Дандаро” во Битола, во присуство на претседателот, потпретседателката и членовите на Државната изборна комисија (ДИК) се изврши примопредавање на доверливиот гласачки материјал од печатницата и започна неговата дистрибуција до сите 80 општински изборни комисии.

Објавено на

часот

Сподели

„Дистрибуцијата се одвива во 17 однапред определени рути. Организационо сме подготвени, по тој терк ќе се одвива дистрибуцијата и ќе се заврши во текот на денешниот ден“, потенцираат од ДИК.

Во текот на утрешниот ден, информираат од ДИК, ќе се изврши и дистрибуција на уредите за биометриска идентификација.

Инаку, за претседателските избори отпечатени се вкупно 1.814.000 ливчиња, колку што се евидентирани гласачи во Избирачкиот список.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ