Како што соопшти Министерството за финансии, експертите кои ќе работат со колегите од трезорот, ќе дадат поддршка во области како формулирање и реализација на буџет, индикатори на успех, проекции на готовински текови и слично. Експертската поддршка ќе стартува од септември годинава.
Залагањата на Министерството за финансии се преку континуирано јакнење на своите капацитети да придонесува кон унапредување во управувањето со јавните финансии. Оттаму, ќе се потпишат договори за експертска поддршка и во други две сфери, стои во соопштението на Министерството.