среда, 23 октомври 2024

Трето лице уапсено во врска со спречениот заговор за напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена

Третиот осомничен кој учествувал во плановите за напад на концертот на американската пејачка Тејлор Свифт во Виена положил заклетва за верност на екстремистичката организација Исламска држава, соопштија денес австриските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер кажа дека 18-годишник е приведен синоќа во Виена откако наводно бил во контакт со главниот осомничен.

„Бил во контакт со главниот извршител, но не е директно поврзан со плановите за нападот. Но, како што се дозна пред неколку дена, тој на 6 август положил заклетва за верност на ИСИС“, кажа Карнер.

Според информациите на Ројтерс, уапсениот е државјанин на Ирак.

Главниот осомничен од 19 години и 17-годишник беа уапсени во вторникот, додека еден 15-годишник бил исто така испрашан, но не е уапсен.

Обележја на екстремистичките организации Исламска држава и Ал каеда австриската полиција нашла во куќата на еден од двајцата уапсени за планирање на напад на три концерти на пејачката кои требало да се одржат денес, утре и задутре.

Властите велат дека заговорот е инспириран од Исламска држава и Ал каеда. Истражителите во куќите на еден од осомничените нашле материјал за правење бомба.

Еден од осомничените признал дека планирал „да убие што е можно повеќе луѓе на местото на концертот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ