петок, 26 јули 2024

Трето издание на меморијалниот трунир „Марко Божиновски“

Оваа година ќе се одржи третото издание на меморијалниот меѓународен турнир во чест на Марко Божиновски, чиј живот згасна прерано. По успешните изданија минатите две години, овојпат дури четири интернационални клубови ќе се натпреваруваат заедно со кадетските тимови на македонските суперлигаши.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа година учество ќе земат: Морнар од Црна Гора, Војводина од Србија, Одорхеи од Романија, босанскиот тим Коњух, Алкалоид, Вардар, Пелистер и Бутел Скопје. Турнирот ќе се одржи во спортскиот центар „Марко Божиновски“ од 14-16 јуни.

„Во чест и аманет на нашиот Марче, ние како фондација со огромна љубов и посветеност се стремиме вечно да живее неговиот лик и дело, но и да го всадуваме спортскиот дух кој Марче го носеше во себе кај помладите генерации. Ракометот беше негов живот, љубов и животна определба.

Затоа, ве повикуваме и ве очекуваме од 14-16 јуни во спортскиот центар „Марко Божиновски“ да се забавуваме и заедно да ги поддржиме идните ракометни ѕвезди кои ќе не прават горди носејќи го репрезентативниот дрес за неколку години.

Се гледаме во спортскиот центар „Марко Божиновски“, порачаа од фондацијата „Марко Божиновски.

На првото издание на меморијалниот турнир победник беше Нексе, додека на второто издание првото место им припадна на ракометарите на Алкалоид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ