сабота, 27 јули 2024
Формула А

Трета среќа за историска победа на Леклер во Монте Карло!

Шарл Леклер испиша историја, стана првиот возач од Монте Карло кој победил на ГН на Монте Карло, асот на Ферари прв мина низ целната линија, пред Оскар Пиастри и Карлос Саинц.

Објавено на

часот

Сподели

Денешата трка низ улиците во Монте Карло можеби беше една од подосадните, но беше испишана историја со славје на Шарл Леклер.

Асот на Ферари конечно успеа да слави пред домашната публика и да стане првиот возач од Монте Карло кој победил на ГН на Монте Карло во Формула 1.

Страшниот инцидент на стартот од трката, во кој беше искршен болидот на Чеко Перез, донесе црвени знамиња, а тоа и шансата да бидат променети гумите во паузата, со што возачите немаа потреба да влезат во бокс, и ова значително влијаеше врз темпото на трката.

По ре-стартот, на сите главниот фокус им беше на тоа како да ги менаџираат гумите и да ги штедат наместо да се натпреваруваат кој ќе постави најбрзо време, или евентуално да се изненади ривалот со „андеркат“.

Па претекнувањата се броеа на прсти, и љубителите на мотоспортот видоа малку акција, но тоа нема да му пречи на Шарл Леклер, кој најави голема забава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ