сабота, 27 јули 2024
Премиерлига

Трет пораз по ред за Челси под водство на Лампард (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Челси никако да оствари победа откако дојде Лампард, сините нанижаа уште еден пораз, овојпат загубија на Стемфорд Бриџ со 2-1 од Брајтон.

А мечот одлично почна за Челси, поведоа со гол на Галагер во 13. минута од натпреварот.

Во финишот од првиот дел Велбек изедначи на 1-1, а во 70. минута Енцисо со прекрасен гол донесе победа за Брајтон од 2-1.

Тотнем за миг помисли дека се спаси од пораз против Борнмут, но го загуби мечот во судиското продолжение.

И на овој меч фаворитот поведе со 1-0, голот го постигна Сон во 14. минута, а во 38. Вина изедначи на 1-1.

По шест минути игра во вториот дел Соланке погоди за предност од 2-1 за Борнмут, во 88. минута Данџума реализираше за 2-2.

Се чинеше дека нерешено ќе заврши мечот, но тогаш Борнмут со гол на нововлезениот Куатара победи со 3-2.

Вулвс со 2-0 го совлада Бренфрод. А еден од погодоците беше на Диего Коста, негов прв гол за овој тим.

Фулам со 3-1 го победи Евертон на Гудисон парк, гостински триумф забележа и Кристал Палас кој го совлада Саутемптон со 2-0.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ