сабота, 27 јули 2024
МЗТ Скопје

Тренерот на МЗТ Скопје доби суспензија од десет натпревари

Објавено на

часот

Сподели

Индицентот се случи во неделата на мечот со Кожув кога Николиќ во афект влезе во теренот да реагира на судиска грешка и се судри со противничкиот кошаркар Гордон.

„Поради крајно неспортскиот однос кон противнички кошаркар, тренерот Николиќ се казнува според Пропозициите за натпреварување и според Дисциплинскиот правилник (ДП)“, пишува меѓу другото во одлуката на комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ.

Предводникот на МЗТ според пропозициите доби казна од два меча и 24.000 денари, додека според ДП уште и дополнителни осум натпревари и уште 24.000 денари, што прави вклупно 10 меча и 48.000 денари.

Николиќ има договор со МЗТ Скопје до крајот на сезоната, тоа значи дека тој веќе за последен пат го водеше тимот од Аеродром. Неговото заминување веројатно ќе се случи порано од предвиденото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ