сабота, 27 јули 2024
Навивачите на Челси со свирежи изразија незадоволство од пристапот на нивниот тим

Тренерот на Брентфорд изненаден од тактиката на Лампард: Не знам зошто се реши за таков избор

Објавено на

часот

Сподели

Френк Лампард вечерва го забележа поразот број 5 на клупата на Челси откако на привремена основа го превзеде кормилото, Брентфорд со 0-2 славеше на Стемфорд Бриџ.

По крајот на натпреварот имаше многу прашалници за изборот на стратегот, кој се реши на теренот да истрча со истиот тим како на дуелот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони и Рахим Стерлинг како едиствен офанзивен играч.

„Бев изненаден“ – вели тренерот на Брентфорд, Томас Франк. „Мило ми е што покажа почит кон нас. Навистина не знам зошто се реши за ваков избор“.

„На сите им е јасно дека Челси поминува низ тежок период, но играат на Стемфорд Бриџ и имаат неверојатни играчи“.

Кога судијата означи крај на првиот дел, навивачите на Челси со свирежи го испратија своето незадоволство од дефанзивниот пристап. Френк Лампард на паузата направи промени, формацијата 3-5-2 ја замени со 4-3-3 и во игра ги вметна Пјер Емерик Обамејанг и Михајло Мудрик.

„Сините“ заиграа подобро во продолжението, но Брентфорд успеа да постигне втор гол и да ги однесе трите бода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ