сабота, 27 јули 2024
Лидерот на ССМ по состанокот со Владата

Трендафилов: Можен е конечен договор во понеделник за платите во јавниот сектор

Објавено на

часот

Сподели

Трендафилов рече дека денеска било договорено да се реализира уште една средба во понеделник, а дотогаш синдикатите да заземат став во која мерка е прифатлива владината првична пресметка, но договорено е додаде тој, и во Владата да се направат прецизни пресметки.

„Можно е идната недела да се дојде до заедничко решение за раст на платите и за К-15. Министерството за финансии очекуваме уште денеска да ни достави пресметки за да го информираме нашето членство. Практично, разговаравме за поголем процент и сметам дека е можно задоволително решение“, рече Трендафилов. 

На прашањето зошто вчера од власта беше искажано изненадување од барањето за 14,2 проценти покачување на платите, Трендафилов не сакаше да коментира, рече дека има разбирање за политичарите кога даваат политички изјави, но дека работата на синдикатот е на крајот да се биде задоволен од договор за раст на платите и за исплата на регресот за годишен одмор. 

За кој процент за покачување на платите е тогаш разговарано, беше прашан Трендафилов.

„За проценти од 14,2, 12,55 и 10.9, битно е кои параментри ќе бидат применети во начинот на пресметката на платите“, рече Трендафилов и додаде дека покачување на платите ќе добијат сите вработени во септември за оној процент што ќе биде договорен можеби веќе во понеделник.

На министерката за труд и социјална политика тој ѝ реплицираше во однос на забелешкта дали го претставува ССМ.

„Јас сум избран за претседател од Конгресот на ССМ во петокот, за жал, поради прераната смрт на лидерот Дарко Димовски. Изборот е потврден и од Меѓународната конфедерација на синдикати. Mинистерката треба веднаш да стави потпис на решението. И во македонскиот регистер тоа треба веднаш да биде заведено, а не уште Димовски да фигурира. Да не се доведеме во ситуација вработените во ССМ да не примат плата токму во време кога преговараме за плати. На министерката ќе ѝ порачам дека може уште денеска да се зачлени во ССМ ако сака да разговара за внатрешните работи во ССМ, а не како министерка да се меша во работите на ССМ и меѓународниот синдикат.“, рече Трендафилов.

Тој и нагласи дека ако е потребно повторно ќе донесат документација во Министерството за труд и социјална политика. 

„Но тогаш и ќе побараме оставка од министерката“, рече новиот синдикален лидер Слободан Трендафилов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ