сабота, 18 јануари 2025
Министерката со порака

Тренчевска: Нема место за паника, децата се безбедни, убиството на Вања е изолиран случај

Децата се безбедени, не треба да се создава паника. Убиството на Вања Ѓорчевска е изолиран случај, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Објавено на

часот

Сподели

„И министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски вчера рекоа дека тоа е изолиран случај. Не треба да создаваме паника кај граѓаните дека децата не ни се безбедни. Децата се безбедни, меѓутоа новото време носи нови предизвици. Развојот на ИТ технологијата, социјалните мрежи навистина наместо да ја подобрат информираноста кај граѓаните, тие преку лажните вести, говорот на омраза создаваат дури и проблеми кај менталното здравје кај голем дел од народот. Така што, како институции мора да се прилагодиме на ова ново време, а и како Министерство за труд и социјална политика, каде што во надлежност се децата, сакам да ги уверам родителите дека децата се безбедни, безбедни се училиштата, безбедни се установите од предучилишно образование, тука се институциите да работат на уште поголема сигурност и на семејствата и на секој еден граѓанин во државата“, рече Тренчевска на новинарско прашање по учеството на ткалезна маса: „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ во организација на ОБСЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ