Слична кампања во Белград имаше и во 2011 година кога се појавија лепенки со иста содржина. На лепенките имаше фотографија на деца од логор преку која пишуваше „Ако боледувате од заборав, летувајте во Хрватска“, тогаш со потпис на организацијата Српска акција.
Српска акција е десничарско движење активно во Србија од 2010 година. Ѝ стана интересна на јавноста на крајот на 2014 година кога властите уапсија неколку нејзини членови поради говор на омраза, делење летоци против Ромите и повици на линч. Во 2015 година организираа студентски марш по повод одбележувањето на 20-годишнината од хрватската воено-полициска операција Олуја.