сабота, 20 април 2024

Трансферот на Мбапе во Реал ќе биде соопштен кога некој од двата клуба ќе испадне од ЛШ

Мбапе пред извесно време му соопшти на ПСЖ дека на лето заминува како слободен фудбалер, а веќе е јасно и дека Реал Мадрид ќе биде неговиот следен клуб.

Објавено на

часот

Сподели

Според „Би-Би-Си“, Килијан Мбапе веќе се договорил со Реал Мадрид, но уште ништо не е потпишано на хартија.

Се верува дека договорот ќе биде соопштен тогаш кога ќе згаснат сите шанси за меѓусебен дуел на Реал Мадрид и ПСЖ оваа сезона во Лигата на шампионите, односно кога еден од двата тима ќе испадне од натпреварувањето.

Се работи за петгодишен договор според кој Мбапе ќе заработува 15 милиони евра годишно, плус бонус за потпис од 150 милиони евра кој ќе му биде исплатен во текот на петте години и тој ќе задржи процент од неговите имиџ права.

Ако Лука Модриќ замине од Реал Мадрид на лето, што е многу извесно, Килијан Мбапе ќе го добие бројот 10.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ