петок, 10 јануари 2025

Трамп ѝ се закани на ЕУ со царини

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ЕУ може да се соочи со царини доколку не го намали растечкиот дефицит со САД преку склучување големи трговски договори за нафта и гас со најголемата светска економија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ЕУ веќе купува значителен дел од американскиот извоз на нафта и гас, а во моментов нема дополнителни достапни количини, освен ако САД не го зголемат производството или количините не се пренасочат од Азија, уште еден голем потрошувач на американски енергенти.

„Ѝ реков на ЕУ дека мора да го надомести својот огромен дефицит со САД со голема набавка од нашата нафта и гас. Во спротивно, ние дефинитивно воведуваме царини!“ рече Трамп во објава на Трут соушл.

Европската комисија соопшти дека е подготвена да разговара. „ЕУ е посветена на постепено укинување на увозот на енергија од Русија и диверзификација на нашите извори на снабдување“, рече портпаролот.

Веќе во првиот квартал од 2024 година, САД ја снабдуваа ЕУ со 47 отсто од увозот на ЛНГ и 17 отсто од увозот на нафта, според податоците на Евростат.

Трамп вети дека ќе воведе царини за поголемиот дел, ако не и за цел увоз, додавајќи дека Европа ќе плати висока цена бидејќи со децении има голем трговски суфицит со САД. Тој повеќе пати го истакна американскиот трговски дефицит, но не и на трговијата како целина.

Минатата година САД имаа трговски дефицит со ЕУ од 155,8 милијарди евра. Сепак, во услужниот сектор имаше суфицит од 104 милијарди евра, покажуваат податоците на Евростат. Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, веќе вети високи царини за трите најголеми трговски партнери на САД – Канада, Мексико и Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ