сабота, 27 јули 2024

Трамп жестоко го навреди Бајден на предизборен митинг: Тој е будала

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп одржа митинг во саботата во одморалиштето Вилдвуд на брегот на Њу Џерси, каде постојано го обвинуваше претседателот Џозеф Бајден за кривичните обвиненија со кои се соочува пред претседателските избори во ноември, велејќи дека постапката против него во Њујорк е „судење на Бајден“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

На митинг пред неколку десетици илјади луѓе, Трамп го окарактеризира Бајден како „тотален морон“, а правните постапки против него како политички мотивирани и темпирани да му наштетат на неговата способност да води кампања, пренесува Асошиејтед прес.

„Тој е будала. Тој не е паметен човек. Сега зборувам за него поинаку, бидејќи ракавиците се симнати“, рече Трамп за Бајден.

Лиза Фаган, портпаролка на Вајлдвуд, изјави за Асошиејтед прес дека проценува дека на митингот присуствувале помеѓу 80.000 и 100.000 луѓе.

На Трамп на сцената му се придружија, меѓу другите, гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум и легендарниот НФЛ играч Лоренс Тејлор, регистриран сексуален престапник.

Собирот на плажата Вајлдвуд, опишан од конгресменот Џеф Ван Дру, републиканец од Њу Џерси, како најголемиот политички собир во историјата на државата, беше осмислен како демонстрација на сила во клучен момент за Трамп, кој се соочува со десетици кривични обвиненија во четири одделни тужби на помалку од шест месеци пред изборите, според американската агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ