Милиони Украинци и Руси се непотребно убиени или ранети во оваа страшна и брутална војна на која не ѝ се гледа крајот, рече Трамп. Тој откри дека дента добил „важно“ писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кое се наведува дека Киев е „подготвен да седне на преговарачка маса што е можно поскоро“.
Според Трамп, Зеленски му рекол дека неговиот тим стои на располагање „под силното водство на претседателот Трамп за да се постигне траен мир“. Трамп вели дека Зеленски, исто така, му рекол во писмото дека „навистина цени сѐ што направи Америка за да ѝ помогне на Украина да го зачува својот суверенитет и независност“. Украина е спремна да потпише во секое време што ви одговара вам, се наведува во писмото, рече Трамп.
Зеленски претходно изјави: „Би сакал да ја повторам посветеноста на Украина за мир. Никој од нас не сака бескрајна војна. Украина е спремна да седне на преговарачка маса што е можно поскоро за да се доближи траен мир. Никој не сака мир повеќе од Украинците“.
Украинскиот претседател истакна дека тој и неговиот тим се „подготвени да работат под силното водство на претседателот Трамп за да се постигне мир што ќе трае“.
„Само што добив писмо. Го ценам тоа што го испратил“, рече Трамп, додавајќи дека истовремено води преговори со Русија и добива сигнали што би можеле да значат крај на војната. „Имам сигнали дека се подготвени за мир, зарем тоа не би било прекрасно?“, изјави Трамп пред Конгресот.