среда, 1 јануари 2025

Трамп застана на страната на Маск во расправата за визите: „Тоа е одлична програма“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во саботата застана на страната на својот клучен поддржувач и милијардер Илон Маск во јавната расправа околу употребата на визите Х-1Б, велејќи дека целосно ја поддржува програмата за странски квалификувани работници на која се спротивставуваат некои од неговите поддржувачи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Забелешките на Трамп уследија по серијата објави на социјалните мрежи на Маск, извршниот директор на Тесла и Спејсек, кој доцна во петокот вети дека ќе „војува“ за да ја брани програмата за визи за странски квалификувани работници.

Трамп, кој се обиде да ја ограничи употребата на визите за време на својот прв претседателски мандат, во саботата за Њујорк пост изјави дека и тој се залага за визната програма.

„Отсекогаш ми се допаѓале визите, отсекогаш сум бил за визите. Затоа ги имаме“, изјави Трамп.

„Имам многу визи Х-1Б на моите имоти. Верувам во Х-1Б. Сум ја користел многу пати. Тоа е одлична програма“, додаде тој.

Со овие коментари Трамп за првпат се осврне на ова прашање откако претприемачите Илон Маск и Вивек Рамасвами, кои Трамп ги избра да го предводат новосоздадениот Оддел за владина ефикасност, ја бранеа програмата за виза за странски работници, предизвикувајќи остри критики од лојалистите на МАГА кои се надеваат да ја ограничат имиграција.

Маск, натурализиран американски државјанин, роден во Јужна Африка, имал виза Х-1Б, а неговата компанија за електрични автомобили Тесла добила 724 визи оваа година.

Визите Х-1Б обично се за периоди од три години, иако имателите можат да ги продолжат или да аплицираат за зелен картон.

Расправата беше предизвикана на почетокот на неделава од екстремно десничарски активисти кои го критикуваа изборот на Трамп за Срирам Кришнан, индиско-американски менаџер на ризичен капитал, за советник за вештачка интелигенција, велејќи дека тој ќе влијае на имиграциската политика на администрацијата на Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ