сабота, 27 јули 2024

Трамп за судењето: Со недели седам во мрачна и многу ладна просторија, многу е неправедно (ВИДЕО)

По пет недели рочишта, 19 сведоци на обвинителството, куп документи и непристојни сведоштва, обвинителството вчера заврши со презентирањето на доказите на судењето на Доналд Трамп, предавајќи ја палката на одбраната пред завршните зборови што се очекуваат следната недела.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Адвокатите на Трамп веднаш се зафатија со поткопување на клучните сведочења против поранешниот претседател, кој е обвинет дека прикрил пари платени на порно ѕвезда за да молчи за нивната врска што можеше да ја загрози неговата успешна кандидатура за Белата куќа во 2016 година.

Самата исплата не била нелегална, меѓутоа, според обвинителите, Трамп манипулирал со документите кога му ја надокнадувал сумата на адвокатот Мајкл Коен за да ја скрие вистинската причина за трансакцијата, правејќи ги плаќањата нелегално финансирање на кампањата.

Неговите адвокати го повикаа адвокатот Роберт Костело, кој претходно го советуваше главниот сведок на обвинителството, Мајкл Коен, поранешен адвокат, пред да се скара со него, во обид да го дискредитираат.

Но, неговиот настап во клупата за сведоци започна лошо, бидејќи неговиот омаловажувачки тон го налути судијата Хуан Мерчан. Костело продолжил да одговара на прашање, игнорирајќи го фактот дека Мерчан го прифатил приговорот на обвинителството за прашањето.

Судијата му рекол на Костело, поранешен федерален обвинител, дека не му било дозволено да продолжи со одговарањето откако судијата го прифатил приговорот на обвинителот, на што Костело негодувал и ги превртел очите. Кога Костело продолжил да го „поправа“ судијата, Мерчан налутено рекол: „Во мене ли гледаш?“

Судијата ѝ наредил на поротата да излезе од судницата за да го опомене Костело, а бидејќи тој и понатаму бил незадоволен од однесувањето на сведокот, накратко ги отстранил и печатот и публиката од судницата. Тој се заканил дека ќе го отстрани Костело од клупата за сведоци доколку не го промени своето однесување.

Во изјава за новинарите Трамп ја нарече епизодата „неверојатна претстава“, означувајќи ја постапката како „демонстративно судење“, а судијата „тиранин“. Завршните зборови се очекуваат следната недела. Малку е веројатно, но сè уште постои можност Трамп, како прв поранешен претседател на САД во историјата, да седне во клупата за сведоци на кривично судење.

Експертите се сомневаат дека ќе го стори тоа, бидејќи тоа би го изложило на непотребни правни ризици и вкрстено испрашување од страна на обвинителите, но неговиот адвокат Тод Бланш не ја отфрла можноста, иако адвокатите на Трамп претходно изјавија дека не планираат да повикуваат други сведоци по Костело.

Вчера Бланш го заврши третиот ден на сослушување на сведоци на обвинителот Коен кои поминаа во засиелни тонови. Коен, поранешен личен адвокат на Трамп, минатата недела раскажа како го известил Трамп за 130.000 долари исплатени на порно ѕвездата Сторми Даниелс за да го купи нејзиниот молк за наводната афера пред претседателските избори во 2016 година.

Адвокатите на Трамп го претставија Коен како осудуван криминалец и лажго, потсетувајќи на неговото време поминато во затвор за даночна измама и лажење пред Конгресот. Бланш, исто така, ја доведе во прашање лојалноста на Коен кон Трамп, а потоа и кон обвинителството, настојувајќи да им покаже на поротниците дека Коен е себичен и подготвен да направи сè за да ги постигне своите цели.

Бланш го провоцираше Коен, кој има репутација дека е пргав, што можеше да му наштети за време на неговото сведочење, но сведокот главно остана присебен. Приказната на Коен во голема мера се совпаѓа со сведочењето на Даниелс и Дејвид Пекер, шефот на таблоидот кој рече дека соработувал со Трамп и Коен на спречување на негативното известување за Трамп за време на републиканската трка во Белата куќа.

Откако Бланш заврши со него, обвинителството го праша Коен што му значело на него целото тоа искуство. „Целиот мој живот е превртен наопаку“, изјави потресениот Коен. „Ја изгубив адвокатската лиценца, финансиската сигурност… семејната среќа… да наведам само неколку“.

Трамп вчера им се пожали на новинарите дека неговата изборна кампања за уште еден мандат во Белата куќа е попречена од повеќенеделното судење, на кое тој мора да присуствува секој ден, и дека „не му е дозволено да има никаква врска со политиката затоа што седев во многу ладна, мрачна просторија последните четири недели. Тоа е многу неправедно“.

Нарекувајќи го случајот политизиран, водечките републиканци стојат зад него со денови додека тој даваше изјави пред новинарите надвор од судницата. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со затворска казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ