петок, 26 јули 2024

Трамп за мигрантите: Треба да се воведат царини за некои земји, вклучително и Кина

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави вчера дека ако победи на изборите во САД во ноември, може да воведе царини за земјите, вклучително и Кина, кои не го ограничуваат приливот на мигранти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп одржувајќи предизборен митинг во пограничната држава Аризона одговараше на прашање од публиката и при тоа не ја прецизираше големината на царините што ќе ги воведе во таквото сценарио.

Запрашан за начините на кои тој ќе го спречи протокот на мигранти кои илегално доаѓаат во САД, Трамп рече: „Имаме огромна економска моќ“. Тој додаде дека ако една земја, како што е Кина, не помогне да се спречи приливот на мигранти во САД, постојат „нешта што се викаат царини“.

Тој предупреди дека ако другите земји не помогнат да се намали приливот, тој може да „ѝ наплати царина на таа земја“ доколку биде реизбран.

Безбедноста на границите и имиграцијата се појавија како главни прашања за Американците пред изборите на 5 ноември на кои Трамп ќе се соочи со претседателот Џо Бајден, демократот избран во Белата куќа во 2020 година.

Повеќето од луѓето кои илегално преминуваат во САД се од Латинска Америка. Според владините податоци, американската гранична патрола уапсила повеќе од 27.000 кинески мигранти фатени како илегално ја минуваат границата со Мексико од 1 октомври 2023 година до 30 април 2024 година, дел од наглото зголемување на кинеските пристигнувања.

Ова е прв настап на Трамп во кампањата откако поротата на Менхетен на 30 мај го прогласи за виновен по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи за да ја прикрие исплатата од 130.000 долари што неговиот поранешен адвокат ја направил за да го купи молкот на порно актерката Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година за нивните сексуални средби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ