сабота, 19 октомври 2024

Трамп за Бајден и крунисувањето: Покажа големо непочитување, тоа е физички напор за него

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека не е физички способен за тоа, мислам дека тоа е физички напор за него“, рече 76-годишниот Доналд Трамп во интервју за Џи-би њуз објавено во средата.

Трамп ова го изјави во интервјуто што го водеше Најџел Фараж, поранешен претседател на еврофобичната и антиимигрантска партија УКИП, кој стана телевизиски водител.

Доналд Трамп, кој се надева дека ќе се бори со Бајден во следната трка за Белата куќа во 2024 година, вели дека е изненаден од отсуството на Бајден, што тој го толкува како „големо непочитување“.

„Да бев во Белата куќа, сигурно ќе дојдев“, тврди Доналд Трамп, кој го даде интервјуто на својот терен за голф во Шкотска.

На крунисувањето во сабота, 80-годишниот Џо Бајден ќе го претставува неговата сопруга Џил.

До денес, ниту еден американски претседател не присуствувал на крунисувањето на британски монарх, неодамна потсетија американските и британските претставници.

Белата куќа инсистира на фактот дека отсуството на Џо Бајден, кој инаку е горд на своите ирски корени, „не е знак на презир“.

Џо Бајден, дополнително, ја прифати поканата на кралот за државна посета на Обединетото Кралство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ