четврток, 26 декември 2024
Републиканците го преземаат Сенатот

Трамп води на изборите во САД откако освои две клучни држави

Доналд Трамп, според проекциите на Си-ен-ен, води на изборите за претседател во САД.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Откако ја освои Северна Каролина, Трамп победи и во Џорџија, две од клучните држави што историски не се определени за една партија.

Трамп, кој според проекциите досега освоил 246 електорски гласа, победи во Мисури, Оклахома, Алабама, Флорида, Тенеси, Западна Вирџинија, Индијана, Кентаки, Јужна Каролина, Арканзас, Тексас, Вајоминг, Јужна Дакота, Северна Дакота, Мисисипи, Луизијана, Охајо, Канзас, Монтана, Јута, Ајова, Небраска, Ајдахо, Џорџија и Северна Каролина.

Харис, која досега има 182 електорски гласа, победи во Масачусетс, Мериленд, Вашингтон ДЦ, Вермонт, Делавер, Роуд Ајленд, Илиноис, Њујорк, Колорадо, Калифорнија, Орегон, Вашингтон, Конектикат, Вирџинија и Хаваи.

Џорџија беше првата држава во која победи Џо Бајден пред четири години, а сега Трамп.

Во игра остануваат Аризона, Невада, Пенсилванија, Минесота, Мичиген и Висконсин.

За демократската кандидатка Камала Харис единствениот пат до победата е да освои мнозинство гласови во таканаречениот „син ѕид“ – Пенсилванија, Мичиген и Висконсин, каде што Трамп според добиените гласови има предност, пренесува РСЕ.

Потребни се најмалку 270 електорски гласа за победа на претседателските избори.

Претседателските избори во САД се далеку од решени, но шансите за победа се чини дека постојано му се наклонети на Доналд Трамп, пишува Би-би-си.

Републиканците се на прагот да им го одземат Сенатот на демократите – втората најголема награда по претседателската функција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ