четврток, 9 јануари 2025

Трамп вели дека е можна средба со Путин по инаугурацијата

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека планира да разговара за напорите да се стави крај на војната во Украина со рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи на прес-конференција на својот имот Мар-а-Лаго во Флорида, Трамп посочи дека таква средба може да се одржи по неговата инаугурација на 20 јануари.

На прашањето на новинарите за времето на евентуалната средба, тој се воздржа од прецизирање на конкретен датум, но рече: „Знам дека Путин би сакал да се сретнеме“.

Трамп, исто така, изрази надеж дека војната ќе заврши во рок од шест месеци. „Се надевам многу пред шест месеци“, додаде тој.

За време на својата кампања, Трамп често го фалеше својот однос со Путин и тврдеше дека може да ја заврши војната во Украина „во рок од 24 часа“, но тој никогаш не ги образложи деталите за тоа тврдење.

Украина речиси три години се спротивставува на руската инвазија во целосен обем со помош на Западот.

Киев стравува дека кога Трамп ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, помошта од САД нагло ќе биде намалена. Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на своето новогодишно обраќање апелираше до Вашингтон да не ја намалува помошта за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ