понеделник, 10 март 2025

Трамп: Украина може нема да преживее (ВИДЕО)

Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Водителката на Фокс, Марија Бартиромо го праша Трамп: „Дали сте задоволни со фактот дека се повлековте, а Украина можеби нема да преживее?“

„Па, тие и онака можеби нема да преживеат. Таа војна немаше да се случи ако јас бев претседател“, рече Трамп.

„Бајден ме остави со отворени граници низ кои поминааа 21 милион луѓе, од кои многумина не треба да се тука. Многумина се криминалци, убијци, дилери на дрога, нарко босови. Ја имаме целата оваа збрка со Израел и нападот на 7 октомври, како и сите последици од најлошото и најглупавото повлекување во историјата“, додаде тој.

САД утре ќе се сретнат со украинска делегација во Саудиска Арабија за да утврдат дали Украина е подготвена да направи материјални отстапки за Русија за да ја прекине војната, изјавија двајца официјални лица.

Членовите на американската делегација се заинтересирани и за тоа дали Украинците навистина сакаат подобрување на односите со Трамповата администрација, изјавија двајца официјални лица за Ројтерс под услов да останат анонимни, по неодамнешната средба меѓу американскиот и украинскиот претседател во Белата куќа, која брзо се претвори во кавга пред камерите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ