Трамп тоа го кажа во денес емитуваното интервју за американската телевизија Ен-би-си, снимено пред саботната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз.
„Да, веројатно“, одговори следниот американски претседател на Прашањето дали Украина треба да се подготви за намалување на американската помош кога ќе ја преземе должноста на 20 јануари, пред да повтори дека се обидува да го прекине конфликтот во таа држава.