вторник, 28 мај 2024

Трамп: Спремен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп изјави денес дека е спремен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп во видео-порака наведе дека се радува на блиската соработка со Орбан кога, како што наведе,  уште еднаш ќе положи заклетва како 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, пренесува Асошиејтед прес.

Трамп во пораката го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил американски претседател работел со него на унапредување на вредностите и интересите на САД и Унгарија. Трамповата порака е емитувана на собирот во Будимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (КПАК) која е најистакнатата конзервативна организација во САД.

Ова е трет собир на КПАК во Унгарија. Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговиот претседателски мандат, а тие двајца се сретнаа на Флорида во март.

По нивната средба, Орбан му даде поддршка на Трамп и кажа дека само враќање на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ