Во видеото споделено од Трамп, Сакс нуди проценки за причините за инвазијата на Ирак во 2003 година. „Од каде дојде оваа војна? Дали знаете? Тоа е прилично изненадувачки. Оваа војна всушност започна со Нетанјаху“, вели Сакс.
Тој го обвини Нетанјаху дека влијаел на американската надворешна политика.
„Нетанјаху веруваше од 1995 година дека единствениот начин да се ослободиме од Хамас и Хезболах е да ги собориме владите како оние во Ирак, Сирија и Иран кои ги поддржуваат. Тој нè вовлече во бескрајни војни и благодарение на неговото влијание врз американската политика , отсекогаш го постигнуваше она што го сакаше“. „Но војната од 2003 година беше целосно лажна“, рече Сакс.
Oh boy… did Trump just expose Netanyahu and Israel’s influence on American Politics? 👀
Trump shared a clip of Jeffrey Sachs discussing how Obama and Netanyahu orchestrated wars by scaring the shit out of Americans. pic.twitter.com/NboqtwWR4b
— MJTruthUltra (@MJTruthUltra) January 7, 2025
Сакс остро го критикуваше Нетанјаху, велејќи дека тој е „опседнат човек кој и денес се обидува да нè вовлече во војна со Иран“ и го нарече „мрачен ку*кин син“.
Објавата на Трамп дополнително ги разгори дискусиите за новата ера во американско-израелските односи. Иако Трамп е поддржувач на Израел, не е тајна дека тој и Нетанјаху не се во особено добри односи и дека Трамп не се согласуваше со радикалните потези на Нетанјаху ниту за време на својот прв мандат.