понеделник, 3 март 2025

Трамп сподели објава во која тврди дека Зеленски ќе мора да се предаде

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа сподели објава на својата мрежа Трут соушл во која тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „нема да има друг избор освен да ги прифати“ условите на Вашингтон поврзани со договорот за минерали бидејќи, според него, Киев не може да ја издржи војната со Русија без американска поддршка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Објавата што Трамп ја сподели оригинално е напишана од конзервативниот коментатор Мајкл Мекун, а доаѓа само неколку дена по жестоката конфронтација меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа на 28 февруари, која заврши со откажување на планираното потпишување на договорот за соработка за експлоатација на природните ресурси меѓу САД и Украина.

„Трамп играше како шаховски мајстор. На крајот, Зеленски нема да има друг избор освен да се предаде бидејќи без американска помош Украина не може да победи во долготрајна војна против Русија“, се вели во објавата што ја сподели Трамп. Во коментарот се тврди и дека Трамп всушност „ја штити Украина без да ги вовлекува САД во војна“, а самиот договор за минерали е опишан како „брилијантен потег“.

Конфликтот во Белата куќа се случи откако Зеленски побара безбедносни гаранции за Украина и потсети дека Русија повеќе пати ги прекршила договорените прекини на огнот, на што Трамп и потпретседателот Џеј Ди Ванс го обвинија дека не е доволно благодарен и дека нема реална позиција.

По средбата Трамп рече дека Зеленски „не е човек кој сака мир“. „Тој бара нешто што јас не го барам“, им рече Трамп на новинарите, повторувајќи дека Зеленски сака само „борба, борба, борба“.

Во интервју за Фокс њуз, Зеленски ги отфрли обвинувањата на Трамп, велејќи дека Украина е подготвена за мир, но морам да бидам во добра позиција. „Сакаме мир… затоа и дојдов кај претседателот Трамп“, рече Зеленски.

Трамп во објава наведе дека американските деловни интереси во Украина би можеле да бидат доволна безбедносна гаранција бидејќи секој напад од Русија што им се заканува на американските граѓани ќе предизвика „сериозни меѓународни последици“. „Напад врз Украина би значел да се загрозат животите на Американците – а тоа би ги принудило САД да реагираат“, тврди Трамп.

По конфликтот во Белата куќа, голем број американски функционери и републикански политичари застанаа во одбрана на Трамп, додека продолжија да го критикуваат Зеленски. Некои од нив повторно ја споменаа можноста Зеленски да се повлече.

Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон во интервју за Ен-би-си њуз изјави дека „Зеленски треба да се вразуми и да се врати на маса со поголема благодарност или некој друг ќе мора да ја води земјата“.

Советникот на Трамп за национална безбедност, Мајк Волц, истиот ден рече дека „на Украина ѝ треба лидер кој може да соработува, да се договори со Русите и да стави крај на оваа војна“.

Волц, во интервју за екстремно десничарската Бреитбарт њуз претходниот ден, го спореди Зеленски со „поранешна девојка која се кара за секој збор што го кажувате“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ