сабота, 27 јули 2024

Трамп: Сигурно победувам на изборите

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на синоќешниот митинг во Ајова изјави дека на овогодинешните избори сигурно ќе го победи сегашниот станар на Белата куќа, Џо Бајден, кого го смета за најлошиот претседател во историјата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

На третата годишнина од нападот на неговите приврзаници на Капитол, Трамп одржа два митинзи во Ајова на Средниот Запад, која на 15 јануари е прва што ќе започне со републиканските прелиминарни избори за претседателска номинација на партијата.

Републиканскиот милијардер, кој сонува за реизбор во ноември и покрај четирите кривични пријави, ќе се соочи со гласачите за осум дена за прв пат по неговото ненадејно заминување од претседателската функција на 20 јануари.

Во долгиот говор, Доналд Трамп ги увери своите приврзаници во Ајова дека ќе „победи по трет пат“ на претседателските избори во ноември. Имено, тој никогаш не го призна поразот на изборите пред четири години и тврди дека Бајден му ги „украл“.

Опишувајќи го Џо Бајден како „најлошиот“ претседател во историјата на Соединетите Американски Држави, Трамп ѝм рече на стотиците поддржувачи дека земјата е во длабока рецесија и дека и се заканува нова голема депресија. Себеси се смета за последна шанса за спас.

И покрај сите контроверзии, анкетите му даваат на Трамп големо водство пред неговите двајца најголеми републикански противкандидати, Ники Хејли и Рон ДеСантис. Тој има многу лојална база во Ајова и други конзервативни држави ширум земјата, која оглувува на неговите бегства и правни проблеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ