четврток, 2 јануари 2025

Трамп: Сфатив дека Џими Картер навистина ја сакаше нашата земја

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа даде две изјави по смртта на поранешниот претседател Џими Картер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Само што ја слушнав веста за смртта на претседателот Џими Картер. Оние од нас кои ја имаа среќата да бидат претседатели разбираат дека ова е многу ексклузивен клуб и само ние можеме да ја разбереме огромната одговорност огромната одговорност да ја водиме најголемата нација во историјата.

Предизвиците со кои се соочи Џими како претседател дојдоа во клучен момент за нашата земја и тој направи сè што е во негова моќ да ги подобри животите на сите Американци. За ова сите ние му должиме благодарност. Меланија и јас мислиме на семејството Картер и нивните најблиски во ова тешко време. Ги повикуваме сите да ги чуваат во своите срца и молитви“, се вели во првата објава на Трамп на Трут соушл.

„Претседателот Џими Картер почина на 101-годишна возраст. Иако не се согласував со него филозофски и политички, исто така сфатив дека тој навистина ја сака и почитува нашата земја и сето она што таа го претставува. Напорно работеше за да ја направи Америка подобро место и поради тоа му оддавам најголема почит. Беше навистина добар човек и, се разбира, многу ќе ни недостига. Тој беше многу доследен, многу повеќе од други претседатели, откако ја напушти Овалната соба. Најтопло сочувство од Меланија и мене до неговото прекрасно семејство!“, додаде Трамп во посебна објава околу еден час подоцна.

Трамп често го критикуваше единствениот мандат на Картер во Белата куќа од 1977 до 1981 година и постојано правеше варијации на коментарот што сугерираше дека Картер е „најсреќниот човек“ затоа што сега „се смета за брилијантен претседател во споредба“ со претседателот Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ