петок, 26 јули 2024

Трамп: Само лудак или идиот не би реагирал како Израел на напад од Хамас

Евреите што гласаат за демократите „го мразат Израел“ и нивната религија, рече Трамп за таблоидот Израел хајом.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот обвини дека Евреите што гласаат за демократите „го мразат Израел“ и ја мразат „својата религија“, предизвикајќи бура од критики од Белата куќа и од еврејските лидери.

„Само лудак или идиот не би реагирал како Израел на 7 октомври“, ја пренесе таблоидот изјавата на Трамп во пократка верзија на написот, додека целосното интервју со него ќе биде објавено подоцна денеска.

Трамп во интервјуто беше прашан за зголемените критики на демократите кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со неговото справување со војната во Газа додека бројот на цивилните жртви продолжува да расте.

„Всушност, јас мислам дека го мразат Израел“, му одговори Трамп на својот поранешен помошник Себастијан Горка. „Мислам дека тие го мразат Израел. И Демократската партија го мрази Израел.“

Трамп, кој овој месец стана републикански кандидат за претседател, продолжи со обвинението: „Секој Евреин што гласа за демократите ја мрази својата религија. Тие мразат сè во врска со Израел и треба да се засрамат од себе бидејќи Израел ќе биде уништен“.

Од таборот на Бајден стигна одговор: „Единствената личност што треба да се срами овде е Доналд Трамп.“ „Трамп повторно ќе загуби овој ноември бидејќи на Американците им се здодеа неговата омраза, лични напади и екстремна агенда“, рече портпаролот Џејмс Сингер.

Досега Трамп го нема кажано јасно своето мислење за одговорот на Израел на октомврискиот напад од страна на Хамас и главно повторуваше дека долго планираниот напад немало да се случи доколку тој сè уште бил претседател на САД.

Веднаш по нападот, Трамп го нарече израелскиот министер за одбрана Јоав Галант „кретен“ поради предупредувањето до Хезболах. Тогаш Трамп за Хезболах, кој е прогласен за терористичка група, рече дека тие се „многу паметни“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ